На денешен ден пред 20 години беше извршен неуспешен атентат врз поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров. Истрагата која се води против непознат сторител се уште е отворена. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата.
Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје. Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 годишна возраст.