Путин: Голема грешка е несоработувањето со Асад во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека несоработувањето со силите на Башар ал-Асад е голема грешка, посочувајќи дека тоа е единствената сила која „навистина се бори“ против групата на Исламската држава во Сирија.

„Мислиме дека е огромна грешка одбивањето на соработка со сириската Влада и нејзините сили кои храбра вице в лице се борат против тероризмот“, рече денеска Путин пред Генералното собрание на Обединетите Нации.

Тој исто така го обвини Западот за вооружување на „умерените“ бунтовници во Сирија, велејќи дека тие подоцна им се приклучуваат на милитантите на ИД.

Путин рече дека Русија, како и претседателот на Советот за безбедност на ОН, ќе бара согласност за резолуција со цел координирање на акциите на сите сили кои се соочуваат со екстремистите во Сирија.