Почнува 70-то Генерално собрание на ОН

Светските лидери се собираат на 70-иот состанок на Генералното Собрание на Обединетите Нации. Собирот на 160 светски лидери доаѓа во период кој Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го нарече „време на немири и надеж“.

Сирија ќе биде главно прашање, а лидерите бараат завршување на конфликтот во кој загинаа над 200 илјади луѓе, а милиони лица се раселени.

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Владимир Путин се меѓу оние кои се најавени дека ќе се обратат на Генералното Собрание на неговиот прв ден. Тоа е прво појавување на Путин во Собранието во последната деценија. Се очекува тој да се фокусира врз борбата против исламскиот екстремизам на Блискиот исток, вклучувајќи ја и Сирија, каде што Русија во последните недели го зголеми своето воено присуство како поддршка на режимот на Башар ал Асад, што предизвика загриженост во Вашингтон.