Британија: Руското присуство во Сирија го засилува Асад

Британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд изјави дека руското присуство во Сирија го засилува сирискиот претседател и ја „зголемува нивната морална одговорност за злосторствата извршени од страна на режимот.“ Тој рече дека руското воено зајкнување во Сирија дополнително ја „комплицира ситуацијата.“ Тој додаде дека Асад мора да замине и оти не може да биде дел од иднината на Сирија.