Бугарија го затвори воздушниот простор за Русија

Бугарија го отфрли руското барање за користење на бугарскиот воздушен простор за летови со кои Русија ќе и доставува помош на Сирија, соопшти денеска бугарското Министерство за надворешни работи. Барањето е отфрлено поради сериозната загриженост околу содржината која се превезува со овие авиони.

„Бугарското Министерство за надворешни работи не дозволи летови над Бугарија за руските воени транспортни авиони на патот кон Сирија. Имаме доволно информации кои не наведуваат на сериозна загриженост околу товарот кој се превезува со овие авиони, што е доволна причина зошто на Русија и е забрането користење на бугарскиот воздушен простор“, изјави портпаролот на бугарското МНР.

Според заменик претседателот на Комисијата за надворешни работи при Советот на Руската Федерација, Горниот дом на рускиот Парламент, Владимир Џабаров „одбивањето на Бугарија да го отстапи својот воздушен коридор за руски авиони, кои превезуваат хуманитарни товари за Сирија, нема големо значење, бидејќи Русија користи главно други маршрути“