11 загинати во сообраќајка во Иран

Илустрација

Иранските медиуми соопштуваат дека 11 шиитски верници загинале, откако автобус се превртел во западниот дел на земјата. Полицијата соопштува дека 10 жени и еден маж загинале во несреќата во провинцијата Хамадан. 25 луѓе биле повредени, а несреќата се случила додека верниците се враќале дома од иранскиот град Ком.