Грузија поблиску до членство во НАТО

НАТО соопшти дека новиот тренинг центар во Грузија ќе и помогне на земјата од Кавказот да се приближи до членството во алијансата. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска говореше на отворањето на центарот во воена база во близина на Тбилиси. Тој истакна дека отворањето на центарот е дел од мерките за зајакнување на одбранбените капацитети на Грузија, договорени на самитот во септември минатата година. Центрите ќе овозможат персоналот на НАТО теоретски и практично да ги обучува грузиските војници. Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили изјави дека тренинг центарот не е насочен против ниедна земја, но им за цел да ја зајакне регионалната безбедност и стабилност.