Загриженост за растот на втората најголема економија во светот

Берзите низ светот драматично паднаа поради ставувањата од забавувањето на кинеската економија. Дау Џонс на Вол Стрит падна за повеќе од пет отсто на отворањето на денешното тргување, додека пазарите во Лондон, Париз и Франкфурт беа паднати и за повеќе од пет проценти во попладневното тргување. Акциите во Азија беа погодени во текот на ноќта. Инвеститорите се загрижени за растот на втората најголема економија во светот. Стоките продолжија да паѓаат нагло со падот цаната на суровата нафта во САД која достигна 40 долари за барел, најниско од 2009 година. Ниските цени на нафтата и грижите за кинеската економија претставуваат тежина за руската рубља, која достигна вредност од 70.75 рубљи за еден долар.