Кери изрази загриженост за нападите во Украина

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска го повика рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да изрази „сериозна загриженост“ за наглото зголемување на сепаратистичките напади во источна Украина, соопшти Стејт департментот. Според портпаролот на Стејт департментот, Кери исто така повикува итно да се одржи договорот за прекин на огнот. Украина соопти дека двајца војници биле убиени во најтешките судири со проруските сепаратисти во источна Украина, откако во февруари во Минск се преговараше за кревкиот договор за прекин на огнот. Кери исто така изрази загриженост за посетата во јули на иранскиот лидер на елитните сили Кудс, Касем Солеимани на Москва. Портпаролот рече дека посетата ќе биде дискутирана со Русија на претстојниот состанок во Њујорк за насилниот екстремизам. Солеимани е еден од неколкуте ирански претставници опфатени со забраната за патување на Обединетите Нации од 2007 година, за нивната наводна поврзаност со иранската нуклеарна програма за балистички ракети.