Казахстанец осуден за омраза на социјалните мрежи

Петропавловск.

Судот во северниот казахстански град Петропавловск осуди локален жител до три години затвор за „предизвикување на етничка омраза“ преку социјалните мрежи. Заменик обвинителот во регионот Северен Казахстан, Араи Алимов, денеска рече дека 22-годишниот маж, идентификуван само по неговото презиме Алканашвили „навредил чувства и достоинства на етнички групи“, во својте објави на руска социјална мрежа. Тој не откри други детали. Судските случаи кои вклучуваат етничка омраза на социјалните мрежи станаа релативно виообичаени во Казахстан, каде има бројно руско етничко малцинство, откако Русија го анектираше Крим во 2014 година и поддршката на Москва на проруските сепаратисти во источна Украина.