Грција го исплати заостанатиот долг кон ММФ

Грција денеска го исплати заостанатиот долг кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во висина од речиси две милијарди евра, соопшти портпаролот на оваа финансиска институција Џери Рајс. Тој при тоа нагласи и дека ММФ е подготвен да продолжи да и помага на Грција во напорите да ги поврати финансиската стабилност и економскиот раст. Претходно, Атина го исплати и долг од 4,2 милијарди евра кон Европската централна банка кој доспеа денеска, а и врати околу 500 милиони евра на Централната банка на Грција. Денеска во земјата банките ги отворија вратите за клиентите откако беа затворени на 29 јуни.