Фотографии од блиску од далечната планета Плутон

Американското вселенско летало „Нови хоризонти“ овозможи прв поглед од блиску на планетата Плутон која е оддалечена од Земјата повеќе милијарди километри. Леталото пристигна до Плутон по епското патување кое почна пред девет ипол години. Тоа беше последна станица на големата турнеја на НАСА околу планетите на Сончевиот систем која траеше скоро половина век.