Израел против нуклеарниот договор со Иран

Лоша грешка од историски размери е новиот договор меѓу Иран и светските сили, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху. Иран сега ќе добие сигурен пат за да развива нуклеарно оружје, оти се укинати многу од ограничувањата кои требаше да спречат да дојде до тоа“ рече денеска Нетенјаху. Тој вели дека Иран ќе добие џекпот, стотици милијарди долари, кои ќе му овозможат да продолжи со својата агресија и терор во регионот и во светот.