Нема договор за грчкиот долг, разговорите продолжуваат

Разговорите во Брисел меѓу грчкиот министер за финансии и неговите скептични колеги од 19-те земји од еврозоната, планирано е да продолжат денеска во 11 часот, во обид да постигнат договор кој ќе ја обезбеди иднината на Грција во еврозоната. Средбата почнува само неколку часа пред самитот на сите 28 земји членки на Европската унија, кој се смета дека е крајниот рок за договор со кој ќе се спречи Грција да биде принудена да се повлече од еврото. Вчерашните девет часа разговори се распаднаа после полноќ, без очигледен чекор напред. Грчките пратеници ги поддржаа ветувањата на грчкиот премиер Алексис Ципрас за реформски пакет, кој вклучува повисоки даноци, подигнување на старосната граница за пензионирање и реформи во јавниот сектор. Ципрас сака 53,5 милијарди евра пакет финансиска помош, за да се покријат големите долгови на Грција до 2018 година. Но, шефот на еврогупата Јерун Дајселблум рече дека разговорите се „многу тешки“ и дека се уште постои „големо прашање на доверба“ во однос на ветувањата на Грција.