Анкета: Речиси изедначени опциите „да“ и „не“ во Грција

Анкетата што ја подготви социолошката агенција АЛКО, за грчкиот весник „Етнос“ покажува дека 44,8 отсто од Грците се очекува в недела да кажат „да“ за планот на кредиторите, а 43,4 отсто да одговорат со „не“. Понатаму 61 отсто од анкетираните се убедени дека при гласање со „не“ постои опасност Грција да излезе од еврозоната. Огромно мнозинство од 74 проценти од испитаниците смета дека е подобро Грција да остане во еврозоната, додека 15 проценти повеќе сакаат враќање на националната валута - драхмата.

Авторите на истражувањето очекуваат разликата меѓу „да“ и „не“ да се зголеми во корист на позитивното изјаснување, бидејќи процентот на неопределни за која опција да гласаат расте. Како неопределени се изјасниле 11,8 отсто од анкетираните.

Анкетата била спроведена во периодот меѓу 30 јуни-1 јули меѓу 1.000 лица.