ММФ: можно отпишување на дел од грчкиот долг

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека може да биде неопходно отпишување на дел од долгот на Грција, бидејќи земјата нема да биде во состојба да го враќа, поради натамошното слабеење на структурните реформи и пад на првичниот буџетски дефицит, се наведува во извештај на Фондот.

ММФ ја намали прогнозата за растот на Грција од 2,5 на нула проценти во 2015 година, истакнувајќи дека земјата има потреба од нова помош од 36 милијарди евра од ЕУ во наредните три години, дури и да го одобри планот на кредиторите.

Вкупните финансиски потреби на земјата се зголемиле поради големите политички промени во Атина и се проценуваат на вкупно 50 милијарди евра до 2018 година, наведува ММФ.