Русија ќе го модернизира воениот сектор

Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи со напорите за модернизација во воениот сектор, велејќи дека силна војска, опремена со современо оружје е гарант за суверенитетот и територијалниот интегритет на Русија.

Путин, исто така, рече дека Москва нема агресивни намери и има за цел да ги разреши сите несогласувања исклучиво со политички средства со почитување на меѓународното право и интересите на другите народи. Според планот за модернизација, треба да се потрошат 400 милијарди долари до 2020 година. Коментарот на Путин дојде еден ден откако земјите-членки на НАТО се согласија да го зголемат бројот на силите за брза интервенција.