Само 10 полициски станици со минимум стандарди

Во Македонија има 38 полициски станици. Од кои 10 ги исполнуваат минималните европски стандарди, а останатите 28 препорачувам да се затворат или да се користат само за краткорочен престој, правобранителот.

Не само декларативна заложба во борбата против тортура, туку и суштинско и навремено спроведување на препораките. Зајакнување на механизмите за заштита на можните жртви од тортура со цел нивно охрабрување да ги пријавуваат и опстојуваат во напорите за казнување на сторителите. Ова денеска го побара народниот правобранител Иџет Мемети при презентирањето на извештајот за Националниот превентивен механизам за 2014 година кој ги содржи констатациите и препораките за превенција од тортура и друго нехумано постапување во местата за лишување од слобода.

Сакам да ме информирам дека и понатаму кај лицата лишени од слобода постои страв за пријавување тортура и нехумано постапување и оваа година имавме случаи во кои лицата ги менуваат првичните изјави дадени во својство на жртва од тортура.
Иџет Мемети, народен правобранител.

Според Мемети, состојбите во полициските станици останале исти и не се почитуваат препораките, во затворите има влошување, а во психијатриските болници мало подобрување на состојбите. Во минатата година тимот на Народниот правобранител спровел 29 посети од кои 14 редовни, 12 контролни и три вонредни. Од посетите на полициските станици утврдиле дека и натаму во најголем дел од нив не се исполнети местата за задржување.

„Во Македонија има 38 полициски станици. Од кои 10 ги исполнуваат минималните европски стандарди, а останатите 28 препорачувам да се затворат или да се користат само за краткорочен престој“, вели Мемети.

Тој нагласи и дека загрижува тоа што во полициските станици биле приведувани и деца под 14 годишна возраст. Тимот на Народниот правобранител посетил и 5 казнено поправни установи и воспитно поправниот дом Тетово.

„Сакам да ме информирам дека и понатаму кај лицата лишени од слобода постои страв за пријавување тортура и нехумано постапување и оваа година имавме случаи во кои лицата ги менуваат првичните изјави дадени во својство на жртва од тортура“, додава Мемети.

Народниот правобранител се соочил и со случај кога едно дете било нападнато од полициски службеник во неговото училиште.

„Оваа година имавме многу интересен случај каде што дете во просториите на ходникот на училиштето било удрено од полицаец и од кога констатиравме лоша работа на секторот за внатрешна контрола инициравме кривична постапка се јави родителот дека му се вршат притисоци па ја смени изјавата да се повлече. Појава што многу не загрижува“, порачува Мемети.

За Мемети особено загрижувачки се состојбите во Тетово, бидејќи најголем дел од децата од воспитно поправниот дом потоа ги среќаваат во другите затвори. Во психијатриските болници утврдиле дека се прават напори за подобрување на состојбите, но се уште има оддели кои се под стандардите. Извештајот Народниот правобранител ќе го достави до Подкомитетот за превенција на тортура на ОН.