ФБИ испитува манифест на осомничениот во Чарлстон

Истражувачите во Соединетите Американски Држави испитуваат интернет-страница која се верува дека е на Дилан Руф, 21 годишното момче осомничено за убиството на девет африкански Американци во црква во Чарлстон на 17 јуни. На интернет страницата има фотографии на Руф како држи оружје и го пали американското знаме. Тој исто така има поставено и 2500 збора голем расистички манифест. Портпаролот на ФБИ вчера рече дека преземаат чекори за утврдување на автентичноста на интернет страницата. Руф беше уапсен на 18 јуни и се соочува со смртна казна доколку биде осуден.