Папата против фосилните горива

Папата Франциско

Папата Франциско повика фосилните горива да бидат постепено заменети и тоа да се спроведе без одлагање. Во енциклично писмо објавено денеска папата наведува дека голем дел од вината за глобалното затоплување е кај луѓето. Тој ги повика побогатите да направат промени во нивниот стил на живот и со потрошувачката на енергијата да се избегне уништувањето на екосистемите.

Претставникот на ОН за климатски промени, Кристиана Фигуерес изјави дека писмото е повик за акција кој треба да им даде насока на светските лидери да постигнат силен и одржлив климатски договор во Париз во декември.