Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама одобрил распоредување до 450 дополнителни војници во базата во ирачката покраина Анбар со цел да ги тренираат и советуваат безбедносните сили кои се борат против милитантите на Исламската држава во земјата. Според соопштението, Обама наредил и испорака на основна опрема и материјал за ирачките сили.
Одлуката, според Белата куќа, Обама ја донел по барањето на ирачкиот премиер Хаидер Ал Абади и врз основа на мислењето на претставници на Пентагон.