Путин-Во наш интерес е Македонија да е стабилна

Рускиот претседател Владимир Путин за време на церемонијата за примањето на акредитивните писма.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека длабоки историски корени и културна и духовна блискост е она што ги врзува неговата земја и Македонија. Тој говорејќи за време на церемонијата за примањето на акредитивните писма од 13 нови странски амбасадори во Русија порача и дека одблиску ги следат моменталните случувања во Македонија и се свесни за тешкотиите со кои се соочува лидерството на земјата. Според него, Русија ги поддржува напорите на македонското лидерство за нормализирање на политичката ситуација во Македонија. Во наш интерес е, како што наведува Путин, Македонија да е стабилна и просперитетна.