Заев - Трите оставки се малку, Груевски е налогодавачот

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Заев до Груевски: Напушти го премиерскиот кабинет

Не се мачи Груевски и не барај нови жртви. Твојата оставка ја бара Република Македонија, ти си налогодавачот и ти си нарачателот на матните игри, рече денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Од министерот за финансии Зоран Ставрески слушнавме признание дека тие во власта не се нормални, а денеска Никола Груевски ќе ви признае: „Не и оди работата на оваа влада“. Вака претседателот на СДСМ Зоран Заев ја најави 34 т.н. бомба која попладнево беше презентирана пред зградата на владата во т.н. Камп на слободата.

Не се мачи Груевски и не барај нови жртви. Твојата оставка ја бара Република Македонија, ти си налогодавачот и ти си нарачателот на матните игри.
Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Од првиот сет телефонски разговори на кои Заев тврди дека се слушаат гласовите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и Груевски се слуша како гласот за кој се посочува дека е на Јанакиски вели „Не заборавајте многу е битен потписот. Поинаку се понашаат луѓе без потпис и со потпис“. Во истата аудио снимка се разговара и за пристапот кој требало да го има министерот кон поголемите бизнисмени барајќи да биде по договорно ориентиран.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за големи компании

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за големи компании 1

„Прв машки глас: Пошто некако као Влада не ни иде работава со крупниве фирми. Со ЕВН си ебавме мајката знаеш тоа, тука не си ти крив сеа зборам као Влада, со аеродромов за влакно, за влакно ја вадиме работава, Со Сончев Град да не зброам, висококатниците и не знам сеа уште кои беа не ми текнуваа. Не ни трга, еден голем проект не ни трга. Ја почнав да се прашувам, у енергетика еден не ни трга голем проект, еден, еден! Една Хидроцентрала не сме изградиле, не сме почнале, абер нема! Нешто има и до нас, не се криви другите! Мора нешто и на нас да ни фали, мене, тебе, Чинго, Зоки, нешто ни фали на нас. Треба да се преиспитаме што ни фали. Ајде така...

Втор машки глас: Океј...“

Во друг телефонски разговор, пак, се слуша како се разговара за уривање на Драмскиот театар.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за Драмски театар

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за Драмски театар 1

„Прв машки глас: Ај да си срушиме тоа таму, да си продадеме...

Втор машки глас: Претседателе ако е чисто земјиште не е проблем ама мислам дека култура ќе има проблем да ги сруши објектите претходно зошто идејата беше да...

Прв машки глас: Зошто мислиш дека ќе има проблеми?

Втор машки глас: Молам?

Прв машки глас: Зошто мислиш дека ќе има проблеми?

Втор машки глас: Зошто може некој понатаму да праша зошто ги рушат објектите а не, а може да се оттуѓат објектите од тој аспект...“

Ќе слушнете дека некој се жалел од сопругата на Ѓорге Иванов и дека Груевски лично се залагал да се уништи документ од архива, рече Заев најавувајќи разговор меѓу како што тврди Груевски и Јанкулоска.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Гордана Јанкулоска за Маја Иванова

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Гордана Јанкулоска за Маја Иванова 1

„Машки глас: Не знам, веројатно си добро запознаена со писмото што ти е од Агенција за воздушна пловидба, во врска со Маја.

Женски глас: Го видов претседателе. Што да Ви кажам!?

Машки глас: Јас се занимавам со тоа три дена. И еден куп саати и состаноци имам одложено да ја смирам и конечно вечерва...
Женски глас: Аха...

Машки глас: Ха, ха, постигната е...

Женски глас:...согласност постигнавте...

Машки глас: Ха, ха,...договор за мир. Ха, ха. Договор за мир е постигнат. Е сега има уште едно деталче што кај тебе ни е битно. Некако оргиналот од архива да го снема, кај тебе да биде.

Женски глас: Кај мене е во фиока оргиналот од архива.“

Заев на почетокот на прес-конференцијата нагласи дека трите оставки не биле доволни.

„Не се мачи Груевски и не барај нови жртви. Твојата оставка ја бара Република Македонија, ти си налогодавачот и ти си нарачателот на матните игри“, рече Заев.

На новинарско прашање во врска со интервјуто за весникот „Ди Цајт“ во кое си цитира дека тој рекол оти осудените за случајот Смилковско Езеро се невини и тие неправедно се затворени, вели дека била интерпретација на новинарот.

„Најверојатно е грешка во интерпретацијата на самиот новинар, но секако големи сомневања се врзани за овој случај, тоа го објаснувам јас и во самото интервју и секако со обелоденувањето на вистината за Смилковското Езеро или проектот што владата го нарече Монструм ќе обелодени и болна вистина. Секако дека сомневањата се големи, нашата намера не е да ставаме квалификации, но секако вистината штом ќе ја обелодените, граѓаните ќе знаат што во суштина покажува таа вистина“, рече Заев кој додаде очекува политичката криза во земјата да добие разрешница до крајот на јуни.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Влатко Чинговски за чешко-бугарска компанија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Горанче Савовски за фирма од Неготино

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Горан Трајковски за фирма од Неготино

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Горан Трајковски за фирма од Неготино 1