Русија се обидува да ослободи двајца заробени во Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека Русија ги презема потребните чекори да ослободи двајца државјани кои биле заробени од украинските сили во источниот дел на земјата. Двајцата мажи биле интервјуирани од претставници на ОБСЕ, кои го набљудуваат примирјето во источна Украина. Според ОБСЕ, тие рекле дека биле испратени од Русија да извршат мисија во Украина. Москва негира дека тие биле членови на руската војска, туку дека во Украина биле приватно.