ЕУ за политичката ситуација во Македонија

Советот за надворешни работи на Европската унија денеска, како што најави шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов, треба да расправа за Македонија и да излезе со заедничка позиција во врска со случувањата во земјата и за мерките што треба да се преземат. Утре лидерот на СДСМ Заев, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Груевски одат во Стразбур каде што ќе се сретнат со евро парламентарците на нивно барање. На средбата ќе се разговара за решение за излез од политичката криза.