Германија го поздрави политичкиот дијалог во Македонија

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска имаше средба со специјалниот претставник на Германија за Источна Европа, Турција и земјите - членки на ЕФТА, Ернст Рајхл, на која се разговарало за длабоката политичка кризаи безбедносната ситуација во земјата, соопшти ДУИ.

Во соопштението се наведува дека Германија високо го цени чекорот преземен од страна на лидерите на четирите најголеми партии во земјата за иницирање на политички дијалог за решавање на кризата.

Во соопштението ДУИ изразува надеж дека на состанокот во понеделник ќе се создаде потребната рамка за иницирање на вистински политички дијалог што ќе ја врати политичката стабилност и безбедност за земјата и за сите граѓани.