Собир за поддршка на македонската полиција

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Неколку илјади граѓани во организација на ГДОМ се собраа пред полициската станица „Пролет“ за поддршка на македонската полиција. Ваков собир се одржува во 23 градови низ земјава и на три места во Скопје. Една поголема група на граѓани дојде од Кисела Вода, а беше предводена од дваесетина моторџии. Друга, пак, дојде од кај Железничката станица и се споија пред полициската станица Пролет. Насобраниот народ извикува „Македонија, Македонија“, ја пеат македонската химна, како и народната песна „Едно име имаме“. Тие вејат македонски знамиња и носат банери „Благодариме херои“. Дел од луѓето кои дојдоа на протестите им предадоа знаме на полицајците кои ја отворијата капијата на станицата и ги изгушкаа.