Петти ден протест против полициска бруталност

Дваесетина луѓе од насобраните стотина пред Владата, денеска сакаа да положат цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје во близина на Владата, по повод Денот на победата над фашизмот, но полицијата не им дозволи. Пред Владата и денеска, петти ден по ред граѓаните излегуваат на протести барајќи одговорност за прикривањето на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски пред четири години. Демонстрантите се гневни и поради притворањето на деветмина луѓе во врска со насилните протести од вторникот.