Албанија со осуда на насилство и повици за смиреност

Министертвото за надворешни работи на Албанија во реакцијата за инцидентите во Македонија ги осудува актите на насилство и апелира на смиреност и воздржаност.

„Најостро ги осудуваме актите на насилство и апелираме на смиреност, воздржаност со цел спречување на натамошно влошување на состојбата, што не е во прилог на демократската стабилност и просперитет на Македонија. Говорот на омраза и екстремните дејствија треба да му отстапат место на ангажирањето за основните права, демократијата и правната држава. Хармонијата на меѓуетничките односи, потврдени со Охридскиот договор се од есенцијално значење за демократската стабилност и компас на ориентација на патот на евро-атлантската интеграција на Македонија“, стои во реакцијата на албанското МНР.