Србија ја засили безбедноста на границата со Македонија

Србија испрати дополнителни полициски сили на границата со Македонија за зголемување на безбедноста.

Ова за РСЕ го потврдија во српскиот МУП од каде ни изјавија дека на југот на Србија во посета на полициските станици се наоѓа и министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ.

Српскиот премиер Александар Вучиќ пак поради развојот на настаните и безбедноста на границата со Македонија за утре свикал седница на Бирото за координација на службите со кои тој претседава.