Демонстрантите по неколку обиди се скрасија пред Собрание

Протест против полициска бруталност се префли пред Собрание, откако денеска демонстрантите беа спречени да протестираат пред Влада, пред МВР и пред зградата во која живее премиерот Никола Груевски. Пред собрание се собрани неколку илјади луѓе кои извикуваат „Оставки“, „Нема правда, нема мир“, „Грујо оди си“. Вчера демонстрантите беа спречени да протеситраат и пред Јавното обвинителство. Демонстрантите четврти дека протестираат против полициска бруталност, барајќи одговорност од надлежните за прикривање на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски.