„Не бидете човечиња“ им довикуваат демонстрантите кои протестираат против полициска бруталност на полицајците кои не им дозволија да се протестира ниту пред МВР. Насобраниот народ извикува „полициска држава“ и „Одиме кај Грујо“, по што се упатија кон зградата во која живее премиерот Никола Груевски, која се наоѓа во близина на МВР. Претходно демонстрантите беа спречени да протестираат и пред зградата на Владата.