Средношколците му свртеа грб на МОН

Средношколците и денеска протестираа пред зградата на Министерството за образование и наука. Тие имаа поддршка и од наставници и родители. Тие во знак на протест му свртеа грб на министерството, а на некои од полицајците им подарија цвет. Средношколците соопштија дека не се откажуваат од нивните барања, враќање на стариот концепт на матура и измени во екстерното тестирање. Тие го повикаа министерот Абдилаќим Адеми и неговиот заменик Спиро Ристовски на средба в понеделник.