Помошник министерот за внатрешни работи Иво Котевски изјави денеска дека по вчерашните протести пред Собранието биле приведени две лица на кои им се поднесени прекршочни пријави. Според него, уште 9 лица се идентификувани кои учествувале во насилството на завчерашните протести пред Владата.
Од останатите приведени, како што наведува тој досега на 17 лица им се издадени глоби и поднесени им се прекршочни пријави заради непочитување наредба издадена од овластено службено лице од надлежен државен орган. Котевски порача и дека не може да каже дали некој се затскрива зад насилствата кои се случија, а четирите лица за. кои се кривично пријавени не дале никаква релевантна информација во однос на тоа кој ги повикал и кој ги организирал.