Релативно мирно на синоќешниот протест во Скопје

Синоќешниот протест во Скопје пред македонското собрание на кој, како и на протестот пред владата пред два дена беа побарани оставки од претставници на владата за прикривање на убиството на Мартин Нешковски во 2011 година, според дел од македонските медиуми, минал релативно мирно. Некои од насобраните со шишиња и со други предмети почнале да фрлаат кон зградата на Собранието и кон полицискиот кордон. Меѓутоа, за повеќето од демонстрантите тие беа означени како провокатори. Дваесетина девојки поставија и жив штит пред полицајците извикувајќи „сакаме мир“. Претходните протести пред владата ескалираа во насилни при што, според МВР беа повредени 38 полицајци и неколкумина демонстранти. Вчера антивладини протести се одржаа и во Прилеп и во Битола. За денеска во 18 часот се најавени нови протести во Скопје.