Препукувања меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за обвинителот Илиевски

Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов.

СДСМ денеска оцени дека не постои ниту една законска основа согласно Законот за кривична постапка за формално изземање на јавниот обвинител Јован Илиевски од постапување по предметот „Пуч“. Портпаролот Петре Шилегов изјави дека согласно хиерархиската поставеност во Обвинителството, Илиевски има можност да влијае на одлуките по предметот.

Од ВМРО ДПМНЕ реагираа дека станува се поголема нервозата кај СДСМ од доказите кои постојат за лидерот на партијата Зоран Заев. Според нив, Шилегов очајно се обидува да манипулира со случајот Пуч, во кој постојат евидентни правни докази и признанија за вмешаноста на Заев во деструктивното сценарио со кое се обидува да се дограби до власта.