Судири меѓу израелската полиција и етиопски евреи

Неколку илјади луѓе, главно евреи со етиопско потекло, протестирале во Тел Авив против расизмот и бруталноста на полицијата. Демонстрантите превртувале автомобили и кршеле излози по што полицијата употребила водени топови и шок бомби. Во судирите биле ранети педесетина полицајци и десетина демонстранти. Етиопската заедница во Израел била вознемирена од објавувањето на снимката на која се гледа дека како израелски војник со етиопско потекло бил тепан од припадници на полицијата.