Русија негира испраќање на мировници во источна Украина

Рускиот претседател Владимир Путин

Кремљ ги отфрли тврдењата на Украина дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил да распореди мировници во источна Украина, каде владините сили се борат со проруските сепаратисти. Според соопштението, Путин ја прифатил можноста за испраќање на мировен контигент во регионот Донбас. Соопштението доаѓа по телефонскиот разговор на Путин со германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и украинскиот шеф на државата Петро Порошенко. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека е погрешно да се покренува прашањето кога се уште одредени одредби од примирјето не се исполнети.