Средба на поранешни лидери во Москва

Поранешниот претседател на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов.

Поранешниот претседател на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов во Москва оствари средба со поранешниот американски претседател Џими Картер, поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан и други проминентни поранешни глобални лидери. Средбата на групата доаѓа во време кога односите на Русија со западот се затегнати поради улогата на земјата во конфликтот во источна Украина и анексијата на Крим. Портпаролот на Горбачов изјави дека сите инволвирано во дискусијата биле едногласни дека најважното прашање е да се обезбеди усогласеност од сите страни за договореното од Минск. Групата требаше да разговара и со рускиот претседател Владимир Путин, но до средбата не дојде.