Авганистанец - нова жртва на македонските пруги

Маж од Авганистан е нова жртва на македонските пруги. Меѓународниот воз што сообраќал на релација Скопје-Солун-Белград удрил во човекот, при што тој се здобил со тешки телесни повреди и е префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Несреќата се случила синоќа на влезот на железничката станица во Илинден. Ова е втор ваков инцидент за само два дена. Четиринаесет лица загинаа во слична несреќа ноќта на 23 април, откако воз на истата линија погоди група на мигранти, главно од Авганистан и Сомалија.

Со повредениот биле уште двајца луѓе кои се пренесени во Прифатниот центар за странци во Гази Баба.