Аферата Визарис и случајот Сопот во фокусот на 25 -та „бомба“

Панче Иванов, претседател на општинската организација на СДСМ во Велес.

Тендерски местенки, скандалот со фирмата Визарис која беше поврзана со уредничката Ивона Талевска, политичка вмешаност во „Сопот“, се дел од таканаречените бомби кои денеска ги објави СДСМ во Велес.

Тендерски местенки околу скандалот со фирмата Визарис, која беше поврзана со уредничката Ивона Талевска, политичка вмешаност во судскиот процес „Сопот“, судските пресуди кои се носат само со консултација на премиерот Никола Груевски може да се слушнат од разговорите што денеска ги објави СДСМ во Велес.

Во дел од разговорите, за кои Иванов вели дека се водени меѓу министерката за внатрешни работо Гордана Јанкулоска и директорот на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков, се слуша како се разговара за договарање на пресуда за судскиот процес „Сопот“.

Претседателот на општинската организација на СДСМ, Панче Иванов вели дека аудио снимките од прислушуваните разговори се поврзани со функционерите во власта во овој град. Во дел од разговорите, за кои Иванов вели дека се водени меѓу министерката за внатрешни работо Гордана Јанкулоска и директорот на Управата за контраразузнавање Сашо Мијалков, се слуша како се разговара за договарање на пресуда за судскиот процес „Сопот“. Станува збор за политички договарања по урганции од, како што тврди СДСМ, тогашниот министер за правда Блерим Беџети за ослободување на затворениците.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Илија Димовски за притвор

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков за Сопот

​Во вториот објавен телефонски разговор меѓу, како што рече Иванов, уредниците во Сител Драган Палвловиќ Латас и Ивона Талевска се слуша разговор околу тендерските постапки со компанијата „Визарис“ и за милионската сума која, како што вели Иванов, Талевска очекувала да легне на сметката на компанијата во која само таа има удел. Во аудио снимките се слуша, како што тврди СДСМ, компанијата на Талевска да може да продолжи да функционира со сметка вредна милион и 300 илјади евра.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска за Визарис

Во третиот сет снимки што беа објавени, се слуша разговор кој, како што тврди, Иванов е воден меѓу премиерот Груевски и министерката Јанкулоска за случајот со синот на претседателот на Собранието Трајко Велјановски кој беше приведен на грчко - македонската граница, поради поседување на неколку грама кокаин. Разговорот е воден во насока на сокривање на скандалот од очите на јавноста и за како да се извлече без казна синот на Вељаноски.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Гордана Јанкулоска за синот на Трајко Вељаноски