„Бомба“ 24 на СДСМ - Вработувања во медиуми по владин список

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Бомба на СДСМ: Спрега меѓу власта и медиумите

Владини списоци за вработувања во јавниот сервис, власта уредува вести на приватни телевизии, нарачува насловни на весници, кажува кој смее, а кој не да се пушта во вести, велат од СДСМ.

Тефтерчиња со имиња на новинари - кандидати за вработување во јавниот сервис и договарање на содржини во приватни медиуми меѓу политичари, сопственици и главни уредници, може да се слушнат од разговорите што денеска ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој најави дека со оваа прес конференција го отворале пакетот од кој, како што рече, ќе се чуело за поклопеноста на медиумите од страна на Никола Груевски и неговите соработници.

Во еден од телефонските разговори, за кој Заев рече, дека е меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и премиерот Никола Груески, се слуша како се разговара за вработување новинари во Јавниот сервис.

„Машки глас: Како си Горде?

Женски глас: Добро еве со работа претседателе...

Машки глас: Вака сеа, за овие кадровските со кого ја требаше да зборам сеа?

Женски глас: Само секунда...

Машки глас: Го имаш ли? Земи го списокот пред тебе, ја имам нешо бележано ама не сум сигурен.

Женски глас: Ја си го имам тефтерот одма се е кај мене прецизно утврдено само да отворам... значи ај вака од почеток, како шо ги имавме запишувано. За дописнициве, за Вашингтон и Атина нели рековте уше еднаш ќе зборите со Марина Христова за Атина, а евентуално Антонио Спасев и Борче Стамов.“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Гордана Јанкулоска за медиуми

Во друг телефонски разговор меѓу, како што рече Заев, Јанкулоска и шефот на кабинетот на премиерот Мартин Протоѓер, се разговара за пополнување на огласот во Македонската радио телевизија.

„Машки глас: А бе ова огласот за МТВ...

Женски глас: Добро.

Машки глас: Ја мислам да го поништиме. Зошто се полунормални луѓето што се вакво. И ние сега ако сакаме да ја јакнеме МТВ, да донесеме луѓе проверени, што ќе ги видиме, ќе знаеме кои се...

Женски глас: Мартин, ама у тој случај ние треба да рaсчистиме сами со себе. Или ќе пуштаме од комитети предлози, или ќе јакнеме капацитет. Најчесто не одат заедно тие две работи.

Машки глас: И ќе јакнеме капацитет, и ќе пуштаме од комитети. Пошто не може сега некои...

Женски глас: Е па овие се од комитети.“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Мартин Протоѓер и Гордана Јанкулоска за медиуми 1

Заев пушти и разговори со кои тврди ќе се разабличела директната спрега меѓу Груевски - приватни медиуми и најбруталната недозволива контрола што ја воспоставил врз газдите на телевизиите Сител и Канал 5. Во еден од разговорите за кои рече дека бил меѓу Протуѓер и Емил Стојменов од Канал 5 се слуша како се договараат кои содржини да бидат трганти од вестите во врска со тужбата на Македонија против Грција во Хаг.

„Машки глас 1: Иии оваа Богатинова го викнала овај Денко Малески...

Машки глас 2: Добро...Ќе и кажам да го тргне добро...

Машки глас 1: ...овој објаснувал таму... вака така...

Машки глас 2: А кај го викнала не разбирам.

Машки глас 1: У вести тамо давал изјава... експертски ставови.

Машки глас 2: А кога тоа? У 9? У кои вести бе?

Машки глас 1: Е па не знам сега, така ми пишаа овие моиве...вика го викнала Денко Малески, Богатинова...

Машки глас 2: У 3 има вести, ајде ја сеа ќе и се јавам одма...

Машки глас 1: Да...

Машки глас 2: ...а шо објаснувал тоа говедо?

Машки глас 1: Па дека и двете страни имале... требало да се реши спорот со Грција... дека тоа покажала пресудата.

Машки глас 2: Абе таа ненормална...

Машки глас 1: Дека двете страни имале добра волја и треба така да се оди кон решение...

Машки глас 2: Ќе и кажам да го тргне уопште да не го пушта, кој треба да го викне?

Машки глас 1: Не бе некој...без разлика, некој нормален.“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Мартин Протоѓер и Емил Стојменов за медиуми

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Мартин Протоѓер и Емил Стојменов за медиуми 1

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Мартин Протоѓер и Емил Стојменов за медиуми 2

На денешната прес конференција која траеше повеќе од еден час се слушнаа и разговори од кои, како што тврди опозицијата, се слушнало и за мислењето на министерот за финансии Зоран Ставрески за новинарот Миленко Неделковски, кого го нарекувал хохштаплер, кој требало да заврши во затвор, за нарачки од кабинетот на Груевски за насловни страници во весникот Вечер, за бизнис договарања меѓу сопствениците и министрите.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески за медиуми

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Драган Павловиќ Латас и Мартин Протоѓер за медиуми

„Ова лицемерие, овие докази за вулгарна, незапаметена, недозволива окупација и злосторничка коалиција на Груевски со националниот сервис и приватните медиуми во Македонија се класична потврда на сите забелешки, не само на опозицијата, туку и на меѓународните институции и организации, што изразуваат загриженост за слободата на говор и изразување во Македонија“, рече Заев.

Тој одговарајќи на новинарски прашања кажа и дека денеска пиеле кафе со поранешниот лидер на партијата Бранко Црвенковски. Тој во име на СДСМ го осуди и, како што рече, гнасниот чин против семејството на новинарот Борјан Јовановски и побара институциите да ги најдат нарачателите и сторителите.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Мартин Протоѓер и Гордана Јанкулоска за медиуми

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и соговорник за медиуми

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за медиуми

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Драган Павловиќ Латас и Сашо Мијалков за медиуми

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Мартин Протоѓер и Миле Јанакиески за медиуми

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Драган Павловиќ Латас и Горан Иванов за медиуми

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Драган Павловиќ Латас и Горан Иванов за медиуми 1

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Драган Павловиќ Латас и Мартин Протоѓер за медиуми 1

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Миле Јанакиески и Горан Иванов за медиуми

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Миле Јанакиески и Горан Иванов за медиуми 1

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Драган Павловиќ Латас и соговорник за медиуми

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Драган Павловиќ Латас и соговорник за медиуми 1

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Драган Павловиќ Латас и Горан Трајковски за медиуми

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Драган Павловиќ Латас и Горан Трајковски за медиуми 1

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Мартин Протоѓер и Емил Стојменов за медиуми 3

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Мартин Протоѓер и Емил Стојменов за медиуми 4

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Драган Павловиќ Латас и Горан Иванов за медиуми 2

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Миле Јанакиески и Горан Иванов за медиуми 2

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Миле Јанакиески и Горан Иванов за медиуми 3

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Драган Павловиќ Латас и Горан Иванов за медиуми 3

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Драган Павловиќ Латас и Горан Иванов за медиуми 4

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Сашо Мијалков и Емил Стојменов за медиуми

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира дека СДСМ докажале дека сето ова е дел од нивното пошироко сценарио за дестабилизација, оцрнување на државните институции преку објавување на сечени, монтирани и прилепувани материјали кои се прикажуваат во манипулативен контекст.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека денес им било јасно на сите дека срамната приказна со венецот на Борјан Јовановски е измислена и е во функција на сценариото за денешниот прес што само ја покажува монструозноста и моралниот дефект на раководството на СДСМ и на новинарите кои што работат во соросовите медиумите во Македонија кој што се директни учесници во мрачните игри на раководството на СДСМ.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Погребниот венец за Јовановски „вратен“ во Влада