ВМРО ДПМНЕ-Институциите одлучно и решително да постапат

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска го осудија терористички настан во селото Гошинце и ги повикаа институциите одлучно и решително да постапат за расчистување на случајот и да ја обезбедат законитоста, сигурноста и стабилноста по сите основи. Од партијата наведуваат дека граѓаните треба да останат смирени и да не дозволат реализација на сценарија чија цел е дестабилизација на земјата и загрозување на редот и поредокот. Според ВМРО ДПМНЕ, сите политички чинители треба одговорно да се постават и да се воздржат од манипулации