Започна судскиот процес против поранешниот нацистички офицер Оскар Гроенинг, кој е обвинет дека бил учесник во убиството на 300 илјади Евреи од Унгарија во логорот Аушвиц. 93 годишниот Гроенинг призна морална вина и дека знаел за убиството на Евреите кој се случило помеѓу мај и јули 1944 година. Тој воедно пред судот побара прошка. Гроенинг е познат како сметководителот од Аушвиц. Неговото судење се одвива во германскиот град Луенебург во присуство на околу 70 лица кои го преживеале холокаустот и роднини на жртвите.
Сметководителот од Аушвиц призна морална вина
Луѓе држат транспарент за солидарност со жртвите од Аушвиц пред објектот каде се одвива судењето на Гроенинг.