Путин-Грција може да биде дистрибутивен енергетски центар

Рускиот претседател Владимир Путин со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека учеството на Грција во проектот за турскиот гасовод може да помогне во трансформирањето на земјата во дистрибутивен енергетски центар на континентот. Говорејќи по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас, тој порача дека Русија е подготвена да учествува во заеднички проекти со Грција, како што е продолжување на проектот за гасоводот преку Балканот до Грција и евентуално до Италија. Путин додаде дека Ципрас не побарал финансиска помош и оти е убеден дека Грција ќе го исплати долгот.