Преговори за ослободување на турскиот обвинител

Обвинителот Мехмет Сели Кираз

Шефот на полицијата во Истанбул Селјами Алтинок изјави денеска дека се водат преговори за ослободување на обвинителот Мехмет Сели Кираз. Членови на турската левичарска група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување, денеска го зедоа како заложник Кираз кој е обвинител за делото за убиството на тинејџерот Беркин Елван при протестите во паркот Гези во 2013 година. Членовите на Револуционерната партија се заканија дека ќе го убијат Кираз ако турските власти не исполнат нивни барања.