Столтенберг: НАТО и ЕУ заедно ќе работат во Западен Балкан

генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

„Западен Балкан е зона во која Европската унија и НАТО одлично дејствуваа заедно. На Косово има НАТО сили кои се битни за мирот и безбедноста, како и мисија на Европската унија Еулекс“. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во расправата во Европскиот парламент за безбедносните предизвици за Европа. Тој додаде дека во регионот постојат низа други проблеми, но оти досегашното искуство покажало дека НАТО и Европската унија можат и ќе продолжат заедно да работат во Западен Балкан.