Огромна излезност на претседателските избори во Узбекистан

Узбекистанските изборни власти соопштија дека повеќе од 85 отсто од гласачите излегле да претседателските избори во земјата, до 17 часот по локално време. До затворањето на гласачките места има уште три часа. Се очекува актуелниот претседател Ислам Каримов да добие четврти мандат на функцијата. За критичарите, изборите се фарса, затоа што Каримов во изминатите две децении ги елиминираше неговите главни опоненти. ОБСЕ никогаш досега не оценила некои избори во Узбекистан како слободни и фер. На претходните избори во 2007 година, 77-годишниот Каримов освои 91 отсто од гласовите.