Излеани неколу реки во Македонија

Човек стои на брегот на Црна Река во Општина Могила.

Последните дождови предизвикаа да се подигне нивото на реките во неколку места во Македонија и тиe да се излеат од своите корита. Црна Река се излеа на две места и поплави земјоделски површини, но засега нема пријавено дека вода има во некои објекти, изјави Илко Петкоски од прилепскиот Центар за управување со кризи.

Се излеаја и реките Луда Мара и Раечка во Кавадаречко, како што потврдуваат од Регионалниот центар за управување со кризи Велес. Водите поплавиле земјоделски површини, а Раечка река зафатила и неколку импровизирани објекти наоколу. Се излеа и реката Слупчанка во Липковско, при што се поплавени мали површини земјиште.