Убиен пратеник во источна Украина

Проруските сепаратисти во украинскиот источен регион Доњецк, соопштија дека нивни член на законодавното тело и неговиот помошник биле застрелани. Високиот претставник на сепаратистичката законодавна власт во Народната Република Доњецк, Андреј Пургин, изјави дека Роман Возник и неговиот помошник биле убиени вчера вечер во главниот град на провинцијата Доњецк. Возник исто така бил командант на бунтовничкиот батаљон наречен Мираж. Уште еден сепаратистички лидер Александар Кофман, рече дека двајцата биле убиени во автомобил. Тој вели дека се уште е рано да се извлекуваат заклучоци за тоа кој ги убил. Од април 2014 година, повеќе од 6 илјади луѓе беа убиени во конфликтот меѓу владините сили и проруските сепаратисти во источна Украина.